Григор Јовановски (1996) дипломира на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” на катедрата за драмски актери во класа на прoфесор Зоја Бузалковска, во 2020 година. Во Македонски народен театар работи од 2025 година.
- Гриша (Варвари, 2025), автор: Максим Горки, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар;
- Иво (Марта Верина, 2024), автор: Драгана Лукан Николовски, режисер: Нина Николиќ, продукција: Македонски народен театар, Скопје;
- Џонатан Брустер (Арсеник и стара тантела, 2024), автор: Џозеф Кесерлинг, режисер: Лидија Дедовиќ, продукција: Театар Комедија, Скопје;
- Мари (Пар распар, 2024), автор: Нил Сајмон, режисер: Нина Николиќ, продукција: Театар Комедија, Скопје;
- Доктор Љвов (Иванов, 2023) автор: Антон Павлович Чехов, режисер: Зоја Бузалковска, продукција: Македонски народен театар, Скопје;
- Бопчински и Допчински (Ревизор, 2023), автор: Николај Василевич Гогољ, режисер: Андреј Цветановски, продукција: Театар Комедија, Скопје;
- Асанж, пилотот-музичар (Ало, ало, 2023), според Џереми Лојд и Дејвид Крофт, режисер: Синиша Евтимов, продукција: Театар Комедија, Скопје;
- ХХ (Емигранти, 2023), автор: Славомир Мрожек режисер: Зоја Бузалковска, продукција: Драмски театар, Скопје;
- Капетан Хорстер (Народен непријател, 2022), автор: Хенрик Ибзен, режисер: Нина Николиќ, продукција: Македонски народен театар, Скопје;
- Гастон (Така зборуваше Гертруда, 2022), автор: Миа Николовска, режисер: Ангелчо Илиевски, продукција: Драмски театар, Скопје;
- Ополнимоштеникот (Амбасадор, 2022), автор: Славомир Мрожек, режисер: Андреј Цветановски, продукција: НУЦК „Ацо Шопов“, Штип;
- Дантон (Смртта на Дантон, 2021), автор: Георг Бихнер, режисер: Андреј Цветановски, продукција: Дом на култура „Билјана Беличанец”, Кисела Вода;
- Повеќе ликови (Шапка, чоколадо, анус и уште нешто, 2021), автор: Ханох Левин, по мотивите на „Старицата од Калкута”, режисер: Ана Батева, продукција: МКЦ, Скопје;
- Наредникот Маршанд (Ничија земја, 2017), автори: Данис Тановиќ и Александар Морфов, режисер: Александар Морфов, продукција: Македонски народен театар, Скопје;
- Џесика (Венецијанскиот трговец, 2017), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Наташа Поплавска, продукција: Драмски театар, Скопје;
- Кичо, Дуле, Јован (Белградска трилогија, 2017), автор: Биљана Србљановиќ, режисер: Нина Николиќ, продукција: Кино Култура, Скопје;
- (Библијата, 2015), автор и режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Драмски Театар, Скопје;
- Ник (Големото студенило), режисер: Зоја Бузалковска, продукција: Македонски народен театар, Скопје.
- Димитар (Утре наутро, 2024, во продукција), режисер: Јани Бојаџи;
- Македон Фотон (Трампи, 2024, во продукција), режисер: Ѓорче Ставрески;
- Експертот (Експертот, 2021, кратометражен филм), режисер: Владислав Гавриловски;
- Камерманот (Годината на мајмунот, 2018), режисер: Владимир Блажевски;
- Мирек (Дневникот на генерацијата, 2018, кратометражен филм), режисер: Борјан Стојков;
- Новинарот (Другиот, 2018, кратометражен филм), режисер: Батухан Ибрахим;
- Јован, Бездомникот (Чевли, 2017, кратометражен филм), режисер: Бранко Костески;
- Лева (Златна петорка, 2016), режисер: Горан Тренчовски.
- Димитар (Утре наутро, 2024, во продукција), режисер: Јани Бојаџи;
- Константин (Бистра вода, 2023); режисер: Јани Бојаџи.
- Награда „Трајко Чоревски” за млад актер, за улогата на Евгениј Константинович Љвов, на МТФ „Војдан Чернодрински”, Прилеп, 2024 година;
- Еден од основачите на театарската трупа „Импров Група Настап“ која работи со импровизации, со која имаат настапувано повеќе од 20 пати на различни места низ Македонија;
- Игра во уличниот перформанс „Арка” во соработка со Полскиот театар „Teatr Ósmego Dnia“.