Весна Гаврил – Тапшановска

 
 
Весна Гаврил – Тапшановска
 
 
Весна Гаврил – Тапшановска е родена на 03 април 1989 г., во Ресен. Дипломира на Универзитетот за аудиовизуелни уметности-ЕСРА-Париз-Скопје-Њујорк, на отсекот за актерска игра, во класа на проф. Ѓорги Јолевски во 2011 г. Од 2014 г. работи во Македонски народен театар – Скопје.

   Селективна театрографија

  • Учителка по англиски (Госпоѓа Министерка, 2015), автор: Бранислав Нушиќ, режисер: Наташа Поплавска, продукција: Македонски народен театар;
  • Силвија (Тигар, 2011), автор: Мореи Шизгал, режисер: Драган Велјановски, продукција: Младински културен центар;
  • Косара (Владимир и Косара, 2009), автор: Загорка Поп-Антоска Андоновска, режисер: Слободан Милатовиќ, продукција: Министерство за култура на РМ, Министерство за култура на Црна Гора, Скопско лето и Барски љетопис;
  • Игнација (Душички, 2008), автор: Загорка Поп-Антоска Андоновска, режисер: Загорка Поп-Антоска Андоновска, продукција: НУЦК „Трајко Прокопиев“-Куманово;
  • Вини (Play Beckett/Среќни денови, дипломска претстава, 2008), автор: Семјуел Бекет, режисер: Ѓорги Јолевски, продукција: Драмски театар-Скопје;
  • Хор (Троил и Кресида, 2006), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Љубиша Ристиќ, продукција: Македонски народен театар;
  • Ученик (Р, 2006), автор: Јордан Плевнеш, режисер: Дејан Пројковски, продукција: Младински културен центар.

    Награди

  • Добитник на „Златен Аполон“ за најдобра актерка, за улогата на Косара во претставата „Владимир и Косара“, 2009 г.;

  Дополнителни информации:

  ТВ серии и синхронизации:

  • Мис Стоун (Тврдокорни, епизода: Јане Сандански), режисер: Миле Гроздановски;
  • Магдалена (Македонски народни приказни, епизода:Тодор Паница);
  • (Македонски стари приказни, 2011), продукција: ТВ Сител;
  • Синхронизација на анимирана детска серија „Бон Тон“.

Билетарница:
+389.2.3230.304

Администрација:
+389.2.3216.725

email: info@mnt.mk​

Целата содржина е преземена од официјалната страна на Македонски Народен Театар