Народен пратеник

      • Режисер: Егон Савин
      • Сценограф: Весна Поповиќ
        Костимограф: Роза Трајческа-Ристовска
        Извршни продуценти: Виктор Рубен и Симона Угриновска
        Превод: Загорка Поп-Антоска Андовска
        Дијалектна адаптација на текст: Томислав Османли
        Асистент на режија: Шенај Мандак
        Избор на музиката: Егон Савин
      • Премиерна изведба: Сабота, 25 Јануари 2025
      • Времетраење: 75 минути
      • Пауза: Не
      • Сцена: Мала
       
       Кон драмскиот текст „Народен пратеник“ на Бранислав Нушиќ

      Драмата „Народен пратеник“, напишана во 1883 година како прва комедија на тогаш, младиот, деветнаесетгодишен Бранислав Нушиќ, својата праизведба ја чекала повеќе од една деценија, патувајќи од директорот на Народниот театар, до рецензентите, па и до полицијата, и назад, наидувајќи на неодобрување поради, наводното, „ругање со борците за парламентаризмот“. Иако рецензентите позитивно се произнесле за драмата, владејачките политичари, како и крал Александар Обреновиќ имале низа забелешки кон ракописот на Нушиќ, па овој авторски текст претрпел и многу измени пред неговото конечно поставување на сцената на Народниот театар во 1896 година, на општо одушевување на публиката. Печатеното издание се појавува дури во 1924 година, повеќе од четириесет години од пишувањето.
      Како минувале годините и политичките околности се менувале, но тоа што не се менувало и не е сменето ниту до ден-денешен е менталитетот на малиот човек, којшто Нушиќ бравурозно го отсликува, и го прави делото „Народен пратеник“ вечен приказ на паланечкиот менталитет и атмосфера во услови на избори за народен пратеник.
      Заплетот, Нушиќ, мајсторски го обликува во амбицијата на таткото, Јеврем Прокиќ, и зетот за ќерка, адвокатот Ивковиќ, да се кандидираат едновремено за народен пратеник, но едниот од страна на партијата на власт, а другиот од опозициската. Значи, конфликтот е сместен во фамилијата, и тоа е сериозен драмски потенцијал за урнебесна комедија, особено кога во оваа приказна ќе се испреплетат и ситните амбиции на пошироката фамилија, и паланката. „Народен пратеник“ е пиеса која силно ја критикува човечката алчност за лична корист, превртливиот и аморален менталитет на паланката, политичката неписменост, изборната корупција, лажниот парламентаризам, хиерархиската потчинетост, раскалашеноста на државните службеници, како и најдлабоките понори на човечката психа, на една индивидуа, која решила да дојде на власт, по секоја цена.
      Нушиќ е писател на обичниот човек и за обичниот човек. Со својата лесна комичност, навидум безопасно духовита, речиси никогаш цинична и сатирична, со своите дела, почнувајќи од првенчето „Народен пратеник“ ја засмејува публиката повеќе од еден век, но и со иста таква леснотија ги покажува магарешките уши на секој од нас, во секакви општествени околности, особено во предизборни.
      Безвременоста на ликовите и заплетите на Бранислав Нушиќ, го прават безвремен, бесмртен современик на сите генерации, никогаш здодевен, и секогаш актуелен вперен показалец во слепоочницата на обичниот човек.

                                                                                    Загорка Поп-Антоска Андовска, драматург

            АКТЕРСКА ЕКИПА:

 Јеврем Прокиќ  Александар Микиќ
 Даница, негова ќерка – Дарја Ризова
 Срета – Тони Михајловски
 Спиро, баџанак на Јеврем – Јордан Симонов
 Спиројца – Тања Кочовска
 Ивковиќ – Александар Михајловски (снимен глас)
 Народ – Дејан Стамчевски, Синан Ракип, Скендер Бериша, Зекирија Алим, Мирослав Атанасовски, Мартин Китановски и Хусеин Халили

Билетарница:
+389.2.3230.304

Администрација:
+389.2.3216.725

email: info@mnt.mk​

Целата содржина е преземена од официјалната страна на Македонски Народен Театар