Тони Михајловски е роден на 30 јуни 1967 г., во Куманово. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра во класата на проф. Владимир Милчин, во 1993 г. Од 1994 до 1999 г. работи во Македонскиот народен театар, а потоа преминува во статусот слободен уметник. Во 2013 г. повторно се враќа во Македонски народен театар – Скопје
.
- Черкун, Јегор Петрович, инженер (Варвари, 2025), автор: Максим Горки, режисер: Владимир Милчин, продукција: РСМ НУ Македонски народен театар;
- Срета (Народен пратеник, 2024), автор: Бранислав Нушиќ, режисер: Егон Савин, продукција: Македонски народен театар;
- (12, 2024), во адаптација и режија на Синиша Евтимов, работена по мотивите (12 Angry Men) од Реџиналд Роуз, продукција: Македонски народен театар;
- Волкот (Дух, 2018), автор: Дејан Дуковски, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Македонски народен театар;
- Цера (Ничија земја, 2017), автори: Данис Тановиќ, Александар Морфов, режисер: Александар Морфов, продукција: Македонски народен театар;
- Ефрем Поплавски (Вечната куќа, 2013), автор: Јордан Плевнеш, режисер: Дејан Пројковски, продукција: Македонски народен театар;
- Анри (Подемот и падот на кабарето, 2013), автор: Артур Шницлер, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар;
- Ото (Изубени Германци, 2013), автор: Дејан Дуковски, режисер: Слободан Унковски, продукција: Македонски народен театар;
- Велко (Вејка на ветрот, 2008), автор: Коле Чашуле, режисер: Нела Витошевиќ, продукција: Македонски народен театар;
- Геро (Празен град, 2008), автор: Дејан Дуковски, режисер: Бојан Трифуновски, продукција: Македонски народен театар;
- (Црнила 005, 2005), автор: Коле Чашуле, режисер: Слободан Унковски, продукција: Македонски народен театар;
- Јан/Иларион Сказник/Лествичник (Папокот на светот, 2004), автор: Венко Андоновски, режисер: Златко Славенски, продукција: Македонски народен театар;
- (Сината соба, 2002), автор: Дејвид Хер, режисер: Наташа Поплавска, продукција: Македонски народен театар;
- Пер Гинт (Пер Гинт, 2001), автор: Хенрик Ибзен, режисер: Златко Славенски, продукција: Македонски народен театар;
- Петар Стефановски (Будење на пролетта 2000, 2000), автор: Франк Ведекинд, режисер: Златко Славенски, продукција: Македонски народен театар;
- (Тест, 1999), либрето и режисер: Наташа Поплавска, продукција: Македонски народен театар;
- Меркуцио (Ромео и Јулија, 1998), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Наташа Поплавска, продукција: Народен театар „Антон Панов“ – Струмица;
- Кловнот (Маме му ебам кој прв почна, 1997), автор: Дејан Дуковски, режисер: Александар Поповски, продукција: Македонски народен театар;
- Едмонд (Едмонд, 1997), автор: Дејвид Мемет, режисер: Синиша Евтимов, Наташа Поплавска, продукција: Македонски народен театар;
- Митре Помојранче (Лепа Ангелина, 1995), автор: Благоја Ристески, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар;
- Спасе (МКС, 1995), автор: Војдан Чернодрински, адаптација и режија: Сашо Миленковски, продукција: Македонски народен театар;
- Пушкин (Мртви души, 1994), автор: Николај Василевич Гогољ, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар;
- Стево (Бунт во домот на старци, 1994), автор: Венко Андоновски, режисер: Брнко Ставрев, продукција: Македонски народен театар;
- Ѓорѓи и Џими (Буре барут, 1994), автор: Дејан Дуковски, режисер: Сашо Миленковски, продукција: Македонски народен театар;
- Славејко (Јануари, 1994), автор: Јордан Радичков, режисер: Иван Добчев, продукција: Македонски народен театар;
- Пјеро (Дон Жуан, 1994), автор: Жан Батист Молиер, режисер: Ненад Стојановски, продукција: Драмски театар – Скопје;
- Крали Марко (Женски прилог за ноќта, 1993), автор: Блаже Миневски, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар;
- Енеј и Диомед (Троил и Кресида, 1993), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Златко Славески, продукција: Македонски народен театар;
- Овчар, Петар (Евангелие по Јуда, 1993), автор: Југослав Петровски, режисер: Горан Тренчовски, продукција: Народен театар „Антон Панов“ – Струмица;
- Американец (Крик, 1991), автор: Блаже Миневски, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар.
- Шинага (I love you, I swear, игран филм, 2023), режисер: Марјан Гавриловски;
- (М, игран филм, 2020), режисер: Вардан Тозија;
- Христо (Стела, игран филм, 2020), режисер: Стојан Вујисиќ;
- Драган Мишовиќ (Пијавици, игран филм, 2019), режисер: Драган Маринковиќ;
- (Исклучиво жолти лалиња, кратометражен филм, 2016), режисер: Кузман Кузмановски;
- Таткото (Брат на еден ден, кратометражен филм, 2016), режисер: Стојан Вуиќиќ;
- Роки (Лазар, 2015), режисер: Светозар Ристевски;
- Ванчо (Ќе бидеме светски прваци, 2015), режисер: Дарко Бајиќ;
- Музафер (До балчак, 2014), режисер: Столе Попов;
- Доки (Споменик на Мајкл Џексон, 2014), режисер: Дарко Лунгулов;
- Панчо (Трето полувреме, 2012), режисер: Дарко Митревски;
- Азем (Парада, 2011), режисер: Срѓан Драгојевиќ;
- Љак (Панкот не е мртов, 2011), режисер: Владимир Блажевски;
- Игор (Бунило, ТВ филм, 2009), режисер: Даријан Пејовски;
- (Боли ли?, 2007), режисер: Анета Лесниковска;
- Ико – Смок (Стрмоглави, ТВ филм, 2006);
- (Самитот на шаманите, 2006), режисер: Александар Станкоски;
- Џанго Сапун (Бал-кан-кан, 2005), режисер: Дарко Митревски;
- Теодор (Како убив светец, 2004), режисер: Теона Стругар Митевска;
- (Едно од лицата на смртта, кратометражен филм, 2003), режисер: Филип Чемерски;
- (Трета зона, краткометражен филм, 2003), режисер: Александар Русјаков;
- Мурат (Одмазда, 2001), режисер: Јан Хинтјенс;
- Човекот со зелена коса (Збогум на 20-от век, 1998), режисери: Дарко Митревски, Александар Поповски;
- Џорџ, Дечкото на Ана (Кабаре Балкан, 1998), режисер: Горан Паскаљевиќ;
- Фазил (Џипси меџик, 1997), режисер: Столе Попов;
- Црни (Самоуништување, 1996), режисер: Ертил Алтанај;
- (Ангели на отпад, 1995), режисер: Димитри Османли.
Награди- Специјална награда за колективна игра во претставата „12“ на 59. МТФ „Војдан Чернодрински“, 2025 г.;
- Специјалната Стериина награда за колективна актерска игра – му припадна на ансамблот на претставата „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ, во режија на Егон Савин, а во продукција на Македонскиот народен театар – Скопје, 2025 г.;
- Добитник на почесната награда на 6. издание на „Златна рамка“ – Денови на македонскиот филм, во организација на Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ), 2024 г.;
- Награда за животно дело „Петре Прличко“ за 2024 г.;
- Наградата „13 Ноември“ на град Скопје за 2022 г.;
- Награда за најдобро актерско остварување на МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп за улогата на Ефрем Поплавски во претставата „Вечната куќа“ 2013 г.;
- Награда за најдобар актер на фестивалот „Јоаким Интер Фест“во Крагуевац, Србија, 2010 г.;
- Награда „Златна маска“ на фестивалот „Охридско лето“, за улогата на Пер Гинт во претставата „Пер Гинт“, 2001 г.;
- Награда за најдобро актерско остварување на МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп за улогата на Петар Стефановски во претставата „Будење на пролетта 2000“, 2000 г.;
- Награда за актер за 1997 г. на „Златна Бубамара на популарноста“;
- Награда за најдобро актерско остварување на МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп, 2007 г.;
- Награда „Трајко Чоревски“ за најдобар млад актер на МТФ„Војдан Чернодрински“ Прилеп, 1993 г. и 1994 г.
Дополнителни информацииТВ серии:
- Наставникот Јован (Тин камп, ТВ серија, 2023 -24)
- Адвокат Раде (Од денес за утре/ Од утро до мрак, ТВ новела, 2022), режисер: Михајло Вукобратовиќ
- Балса Ѓоковиќ (Бранител, ТВ серија, 2022), режисер: Јелена Светличиќ
- Авиомеханичар Крца (Авионџии, ТВ серија, 2021), режисери: Сузана Пурковиќ и Душан Поповиќ
- Маџа, сопственик на сплав (Тома, ТВ серија, 2021 – ), режисер: Драган Бјелогрлиќ и Зоран Лисинац
- Монах Тихон (Црна свадба, ТВ серија, 2021), режисер: Немања Ќипраниќ;
- Началник Кузманќевиќ (Единствен излез, ТВ серија, 2021), режисер: Марко Поповиќ;
- Бора Керкез (Тајкун, ТВ серија, 2020), режисер: Ѓорѓе Милосављевиќ;
- Хаџи Дамјан Арсов (Сенките над Балканот, ТВ серија 2017 – 2020), режисер: Драган Бјелогрлиќ;
- Ванчо (Прваци на светот, 2016);
- (Кум, 2014), режисер: Тимур Алпатов, руско-македонска копродукција;
- (Son Yaz – Balkanlar 1912, 2012);
- (Седум приказни за љубовта и свршувањето, 2003);
- (Македонски народни приказни 2, 1994);
- Чуварот (Прекалени, 1994);
- (Еурека, 1991);
- Шанац (Бумбари, 1989), режисер: Горан Тренчовски.
Режии:
- Без галама, 2018 г., копродукција: Македонски народен театар и „Брачна игра“;
- Тајно моја, 2017 г., мјузикл, продукција: Македонска опера и балет;
- Брачна игра, 2016 г., продукција: Македонски народен театар.
ТВ проекти:
- Водител на ток шоу „Опуштено“, 2007 – 2011, 2013 – 2016 г.;
- Водител на забавно шоу „Танц со ѕвездите“, 2013 г.
Oд 2023 година (заедно со Александар Михајловски, актер и негов син) ја дели и пренесува и на помладата, следна генерација на млади кои имаат интерес и желба за актерство преку „Актерско студио Михајловски“.