Изборнамузика: Весна Петрушевска Авторнасонг „Пепел и мрак” Игор Џамбазов Извршни продуценти: Симона Угриновска и Виктор Рубен
Премиерна изведба:Вторник, 24 Декември 2024
Времетраење:90 минути
Пауза:Не
Сцена:Голема
Насилството е нашиот бизнис
Ликовите се опседнати со сопственото морално позирање, тврдејќи дека не го поддржуваат насилството, потенцираат на невиноста на детската игра, но и манипулираат со детската наивност која резултира со агресивност. Лицемерието ги истакнува контрадикторностите во нивните вредности и леснотијата со која луѓето можат да ги напуштат своите принципи кога ќе се соочат со непријатност, родителство и животна одговорност кон нив.
Се поставуваат прашања за непходноста на деца, за да имаат извонредно добар брак, кој пак е затрпан со неброено многу проблеми и неизговорени зборови кои никако да се решат.
Јасмина Реза само н навидум нуди минималистичка структура, поставувајќи ги во квадратите на станот. Ова поставување ја засилува тензијата и клаустрофобијата, бидејќи ликовите се повеќе се гушат во сопствената плунка, пот и мирис. Дијалогот е остар, духовит и брз. Тој е исполнет со хумор што често ги покрива слоевите на анксиозност и предизвикува тригери .
Публиката во улога на воајер е вовлечена во овој колеж и се забавува гледајќи ги, но крајната цел на оваа претстава е да се препознае секој еден од нив со горчлива задршка и мачнина во стомакот. Сведочењето на нивните слабости како и апсурдноста на нивните ситуации ги доведува до детска расправија ,така што нивниот интелектуален капацитет на кој толку многу се гордеат, пропаѓа.
„Богот на колежот“ служи како моќно истражување на човечката природа, откривајќи ги комплексноста на односите и несигурната рамнотежа помеѓу учтивоста и хаосот.
Оваа ангажирана структрура на претставата нуди брзо размислување на публиката, потсетник за општествените норми, среќното детство и вистинската сурова комплексност на човечката природа. Излог кој се крши во милион парчиња, наспроти лажниот морал и вечноста на суетата која без грешка сигурно води во пропаст.
Оваа претстава нуди можност да се погледнеме кои сме макар на 90 минути за време кога публиката е учесник во арената.