Bacchus: Agave

  • Режисер: Нина Николиќ
  • Премиерна изведба: Вторник, 27 Декември 2022
  • Pause: No
  • Stage: Small
 
ОД БАХАНТКИТЕ ДО АГАВА
Во „Бахантките“ на Еврипид, една од Тебанките која го прифаќа култот на Дионис — Агава, поголемиот дел од драмата го поминува „надвор од сцената“, таа е ликот за кој се зборува, а нејзиното однесување е предмет на толкување и прераскажување на останатите (машки) ликови: пред сè синот Пентеј, таткото Кадмо, Дионис, но и Гласникот, сведокот на баханалиите. Значи, Агава е жртвата и средството за одмазда на Зевсовиот и Семелиниот син, која како лик отсуствува до самиот крај. Додека се одвива главниот конфликт на линијата меѓу Пентеј — Дионис, Агава прозборува само во последниот чин, по чедоморството. Но, злочинот го прави во состојба на занес и транс, таа сопствените постапки не е во состојба рационално да ги процесира/обработи и да ги вербализира. Токму затоа, во процесот на развивање на овој текст, во кој гласот и централниот простор ѝ се дава на Агава, се обидовме да го дефинираме коренот на нејзините проблеми и незадоволството. Прашањето од кое тргнавме е: која е оваа жена денес?
Од текстот сосема го отстранивме божествениот, односно митолошкиот аспект и приказната за Агава и Дионис ја поставивме во рамките на трагедијата на животите на обичните смртници. Така, Дионис не сака признание во градот, туку во рамките на семејството кое се откажало од него уште како бебе – тој е човек без идентитет, желен да припаѓа некаде и да биде прифатен. Од друга страна, Агава е самохрана мајка, работничка во фабрика за преработка на текстил, која своето секојдневие го поминува служејќи им на другите дома и на работа. Овие двe осамени единки се препознаваат и се обидуваат да создадат микросвет во кој ќе го добијат она што им недостига. Доаѓањето на Дионис го буди сознанието во Агава дека таа може да биде многу повеќе од невидлива и експлоатирана, подредена жена. Но, нејзиното ослободување носи трагични последици.
 

Тамара Барачков, драматург

       ACTING TEAM:

 Агава – Симона Спировска
 Пентеј – Александар Михајловски
 Дионис – Григор Јовановски (со снимен глас)
 Марија Кеврекиду (со снимен глас)
 Ана Марија Бутниок (со снимен глас)
 Афродита Атанасопулу (со снимен глас)
 Дарја Ризова (со снимен глас)

Во претставата се користат и стиховите од песната „Мама е глагол од глаголот работи“ на Момчило Одаловиќ.

Ticket office:
+389.2.3230.304

Administration:
+389.2.3216.725

email: info@mnt.mk​

All content is taken from the official website of the Macedonian National Theatre.