Висар Вишка Висар Вишка е роден на 17 јануари 1977 г. во Гостивар. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра, во класата на проф. Љубиша Георгиевски во 1999 г. Од 2011 г. работи во Македонски народен театар – Скопје.Селективна театрографијаДуховникот (Силјан штркот шанца, 2016), автор: Дејан Дуковски, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Македонски народен театар;Џон Балтимор (Вечната куќа, 2013), автор: Јордан Плевнеш, режисер: Дејан Пројковски, продукција: Македонски народен театар;(Животот е сон, 2012), автор: Педро де ла Барка Калдерон, режисер: Владо Цветановски, продукција: Македонски народен театар;Младичот (Шехерезада – црна комедија во 1001 минута, 2011), автор и режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, копродукција: Македонски народен театар и Виш продукција;(Сина соба, 2007), автор: Дејвид Хер, превод и режисер: Висар Вишка, копродукција: Театар на народности Албанска драма-Скопје и ОДА Театар Приштина;(Фани доаѓа сама, 2005), автор: Ресул Шабани, режисер: Адонис Филипи, продукција: Театар на народности Албанска драма-Скопје;Орас (Училиште за дами, 2004), автор: Жан Батист Молиер, режисер: Софија Ристевска, продукција: Театар на народности Албанска драма-Скопје;Д-р Остенмарк (Татко, 2003), автор: Август Стриндберг, режисер: Слободан Унковски, продукција: Бајруш Мијаку;Курт (Палатата на соништата, 2002), автор: Исмаил Кадаре, режисер: Алтин Баша, копродукција на три национални театри од Приштина, Тирана и Скопје;Марк Антони, Ромео (Плеј Шекспир, 2000), од трагедиите на Шекспир, режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Македонски народен театар;Платор (Генти, 2000), режисер: Сулејман Рушити, продукција: Театар на народности Албанска драма-Скопје;(Децата на Лилит, 2000), автор: Маја Мицевска, режисер: Ѓорѓи Јолевски, продукција: Универзална сала-Скопје;(Лифтот од горе, 1999), автор: Харолд Пинтер, превод: Висар Вишка, продукција: Факултет за драмски уметности, Скопје и Македонски народен театар;(Тартиф, 1999), автор: Жан Батист Молиер, копродукција: Факултет за драмски уметности-Скопје и Театар на народности Албанска драма-Скопје;(Играта, 1999), автор: Една Мазија, режисер: Бујар Кума, продукција: Скена Опскуре;(Тест, кореодрама,1999), режисери: Наташа Поплавска и Гордана Деан Поп Христова, продукција: Македонски народен театар;(Коските што доцна доаѓаат, 1998), автор: Теки Дервиши, инспириран од романот „Палата од соништа“ на Исмаил Кадаре, номиниран за Нобелова награда, режисер: Владимир Милчин, продукција: Театар на националностите, Театар на народности Албанска драма-Скопје;Леарт (Хамлет, 1998), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Владо Цветановски, продукција: Драмски театар-Скопје;Тој (Чест, 1998), автор: Васил Иљоски, режисер: Виолета Џолева, продукција: Драмски театар-Скопје;(Тој имаше два пиштола со црни и бели очи, 1996), автор: Дарио Фо, режисер: Димитар Станковски, продукција: Театар на народности Албанска драма-Скопје.Селективна филмографијаРезарт (Отворена врата, 2019), режисер: Флоренс Папас;Кареро (Генерал, 2018), режисер: Антун Врдољак;(Долорес, 2017), режисер: Радован Петровиќ;(Човекот кој не беше таму, краткометражен филм, 2017), режисер: Гоце Цветановски;(ДОДА: Животот и авантурите на Франц Барон Нопша, документарен филм, 2016), сценарист и режисер: Висар Вишка;Тахир Хабиби (Белиот град, ТВ-филм, 2015), режисер: Стивен Гаган;Смртта, Џони (Човекот кој не сакаше да умре, 2015), сценарист и режисер: Гоце Цветановски;Алекс (Мал дисконтинуитет во време/просторот, 2013), режисер: Гоце Цветановски;Лутвија Белмондо Мирга (Шангај џипси, 2012), режисер: Марко Набержник, продукција: Арс Медија-Словенија;Генти (Балкан Базар, 2011), сценарист и режисер: Едмонд Будина, продукција: Ера филм-Албанија и Медиаплекс-Италија;Американецот (Ова не е американски филм, 2011), режисер: Сашо Павловски, продукција: Мануфактура;Стево (Бунило, ТВ-филм, 2009), режисер: Даријан Пејовски;Командант на КЛА (Human Zoo, 2009), режисер: Рие Расмусен;Висар (Боли ли?, 2006), прв балкански Догма филм (светска премиера на Филмскиот фестивал во Ротердам 2007 г., номинација за Златен тигар), продукција: AKA FILM & Concordia Pictures, земји: Македонија, Косово и Холандија;(Години самотија, 2004), краток филм (кој беше во конкуренција за Гран при на Интернационалниот филмски фестивал за таленти во Монте Карло), продукција: Дрим фактори, Македонија;(Имам право да знам, 2003), продукција: Дрим фактори;(Не заборавај ме/Unutma beni, 2002), продукција: Канал Д-Турција;(Жена без крилја, 2000), продукција: Cinegraph Productions, земји: Канада и Албанија.Дополнителни информации:ТВ-серии:Јевгениј Иванов (The Trial of Christine Keeler, ТВ серија, 2019 – 2020), режисер: Адреа Харкин и Леан Велхам;(Убијците на мојот татко, ТВ серија, 2020), режисер: Предраг Антонијевиќ, Наташа Дракулиќ и Марко Мишковиќ;Руски капетан (Good Omens, ТВ серија, 2019), режисер: Нели Гаиман;Гент (На терапија, 2017), режисер: Вардан Тозија;Доку Закајев (Легенди, 2015);Полицаецот Виши (Икс компани, 2015);(Кум, 2014), режисер: Тимур Алпатов, руско-македонска копродукција;Имам Хасан (Филантропист, 2010), режисер: Џон Стрикланд;(Наше маало, 1999), првата сезона, продукција: „Потрага по заедничка основа“;(Во светот на бајките, 1999);(Салон хармони, 1998), продукција: Македонска радио телевизија.Останато:Советник на министерот за култура Асаф Адеми, 2018 г.Советник на министерот за култура за кинотечна дејност, 2007 г.Извршен директор на Свет филма/Кодак за Албанија и Косово, 2006 г.Асистент за комуникации на УНДП, од мај 2005 г. до ноември 2006 г. Билетарница:+389.2.3230.304Администрација:+389.2.3216.725email: info@mnt.mk Facebook Twitter Youtube Целата содржина е преземена од официјалната страна на Македонски Народен Театар