Дејан Дуковски (1969, Скопје) е драматург, драмски писател и сценарист. Дипломирал на отсек Драматургија на Факултетот за драмски уметности, Скопје, во класата на Горан Стефановски, во 1990 година. Од 2015 г. работи како драматург во Македонски народен театар, Скопје.
- Дух кој оди (2014)
- Изгубени Германци (2011)
- Утерус (2009)
- Мухарем не е мртов (1989)
- Празен град (2007)
- Галилео Галилеј (2006)
- Гласот на Хомер (2005)
- Другата страна (2004)
- Дракула (2002)
- Маме му ебам кој прв почна (1996)
- Буре барут (1994)
- Балканот не е мртов (1992)
- Џинот и седумте џуџиња (1991)
- Силјан штркот шанца (1991)
- Последниот балкански вампир (1989)
- Балканска 3а/II (1988)
- Една ноќ во Лајка (краткометражен документарен филм) (2017)
- Балканот не е мртов (2013)
- Како во лош сон (базиран на текстот „Маме му ебам кој прв почна“) (2003)
- Ѕвонење во глава (2002)
- Буре барут (американски наслов „Кабаре Балкан“) (1995) копродукција на продуцентските куќи од Македонија, Франција, Германија, Турција, Југославија и Грција
- Балкан блуз (краткометражен игран филм) (1998)
- Светло сиво (омнибус) (1993)
- Гран При на 9. интернационален фестивал „Скупи“, Скопје, за претставата „Дух кој оди“, копродукција на Српско народно позориште, Нови Сад, и Центарот за развој на визеулна култура, Нови Сад, во режија на Александар Поповски, 2015
- Гран При на Интернационалниот филмски фестивал во Хаифи, Израел, за филмот „Буре барут“, во режија на Горан Паскаљевиќ, 1999
- Гран При на Интернационалниот филмски фестивал во Анталија, Турција, за филмот „Буре барут“, во режија на Горан Паскаљевиќ, 1998
- Награда „Бронзена камера 300“, на Интернационалниот филмски фестивал „Браќа Манаки“, Битола, за филмот „Буре барут“, во режија на Горан Паскаљевиќ, 1998
- ФИПРЕСЦИ интернационална награда на критиката за најдобар филм во сите категории на Интернационалниот филмски фестивал во Венеција за филмот „Буре барут“, во режија на Горан Паскаљевиќ, 1998
- Награда на Европската асоцијација на критичарите, Лондон за филмот „Буре барут“, во режија на Горан Паскаљевиќ, 1998
- Гран-при на меѓународниот театарски фестивал БИТЕФ за драмскиот текст „Маме му ебам кој прв почна“ (Белград, 1997)
- Гран При на Интернационалниот театарски фестивал БИТЕФ ‘97 во Белград, Југославија за „Маме му ебам кој прв почна“, 1997
- Награда за најдобар современ драмски текст на МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп за драмскиот текст „Буре барут“, 1995
- Награда за најдобар современ драмски текст на МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп за драмскиот текст „Балканот не е мртов“, 1993
- Награда за најдобар филм на Европска академија за филм (1998) за филмот „Буре барут“, во режија на Горан Паскаљевиќ
- Едночинки, 2014
- Драми, 2002, издавач: Проартс
- Драми, 2012, издавач: Култура
- „Буре барут“ е најпоставуваниот драмски текст на Дуковски, кој покрај праизведбата во МНТ (1994) изведен е и на уште деветнаесет сцени и на речиси толку јазици (Грција,Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Германија, Данска, Холандија, Шведска, Јапонија, Бугарија, Турција …)
- Сите негови текстови се преведени на многу јазици и повеќекратно се наградувани: на осумнаесет јазици, на повеќе од сто сцени во светот од кои во Македонија -а 20, а останатите во другите земји. Статистички тој е најизведуван македонски драмски писател.
- Работи како драматург во Македонската радио-телевизија (1990-1993)
- Во 1993 година е избран за асистент по предметот филмско и телевизиско сценарио на ФДУ, а од 1996 година е доцент на Катедрата за драматургија на истиот факултет
- Престојувал како писател во резиденцијата Дојче Шаушпилхаус во Хамбург, Германија