Загорка Поп-Антоска Андовска
Александар Ѓорѓиески е роден на 07 ноември 1987 г. во Скопје. Дипломира на Факултетот за аудиовизуелни уметности-ЕСРА, отсек актерска игра во класата на проф. Ѓорѓи Јолевски во 2010 г. Од 2014 г. работи во Македонски народен театар – Скопје.
Селективна театрографија
- Ивакин, Иван Иванович, бавчанџија и пчелар (Варвари, 2025), автор: Максим Горки, режисер: Владимир Милчин, продукција: РСМ НУ Македонски народен театар;
- Косих (Иванов, 2023), автор: А. П. Чехов, режисер: Зоја Бузалковска, продукција: РСМ НУ Македонски народен театар;
- Клег (Бесачи, 2019), автор: Мартин Мекдона, режисер: Јавор Грдев, продукција: Македонски народен театар;
- (Отело, 2019), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Нина Николиќ, копродукциски проект помеѓу Перипетија продукција, Македонски народен театар и Босанско народно позориште Зеница;
- Актер во пензија (Без галама, 2018), автор: Мајкл Фрејн, а во колективна адаптација, режисер: Тони Михајловски, копродукција: Македонски народен театар и Брачна игра;
- Чело, офицерот на босанскиот камп и камерман (Ничија земја, 2017), автори: Данис Тановиќ и Александар Морфов, режисер: Александар Морфов, продукција: Македонски народен театар;
- Алек (Копање, 2017), автор: Кристијан Винклер, режисер: Франц Фон Штролхен, продукција: Македонски народен театар;
- Еснафот (Силјан штркот шанца, 2016), автор: Дејан Дуковски, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Македонски народен театар;
- Алексеј Стаканов (Животот е прекрасен, 2016), автор: Николај Ердман, режисер: Александар Морфов, продукција: Македонски народен театар;
- Снаут (Соларис, 2016), автор: Станислав Лем, режисер: Андриј Жолдак, продукција: Македонски народен театар;
- Церемонијал Мајстор, Началникот Фогарти и Мартин Харисон (Чикаго, 2015), автори: Фред Еб, Боб Фос, режисер: Наташа Поплавска, продукција: Македонски народен театар;
- Вториот маж (Тероризам, 2015), автори: Владимир и Олег Пресњаков, режисер: Јордан Симонов, продукција: Македонски народен театар;
- Леви Матеј (Мајсторот и Маргарита, 2015), автор: Михаил Булгаков, режисер: Иван Поповски, продукција: Македонски народен театар;
- Орест (Електра, 2014), автор и режисер: Андри Жолдак, продукција: Македонски народен театар;
- Јоко (Да тргнеме Сењор, 2014), автор: Ана Ристоска, режисер: Нела Витошевиќ, продукција: Македонски народен театар;
- Нероденото дете – Среќата (Сината птица, 2014), автор: Морис Метерлинк, режисер: Златко Славенски, продукција: Македонски народен театар;
- Розенкранц, Гилдернстерн, дворјанин (Аферата Елсинор, 2014), автор и режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Македонски народен театар;
- Теодосиј Велики (Вечната куќа, 2013), автор: Јордан Плевнеш, режисер: Дејан Пројковски, продукција: Македонски народен театар;
- Морис (Подемот и падот на кабарето, 2013), автор: Артур Шницлер, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар;
- Главна улога (Психоза 4.48, 2011), автор: Сара Кејн, режисер: Ѓорѓи Јолевски, копродукција: Театар Квартет и Македонски народен театар;
- Марсел (Хамлет, 2010), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Дејан Пројковски, продукција: Драмски театар – Скопје;
- Средниот (Отворено море), автор: Славомир Мрожек, режисер: Андреј Цветановски, Ирена Стеријоска.
Селективна филмографија
- Симе (Десет килограми, краткометражен филм, 2021), режисер: Ајден Ислами;
- Боби (ТМ, игран филм, 2020), режисери: Ивица Димитријевиќ и Мартин Иванов;
- (Dogs of war, 2018, краткометражен филм), автори и режисери: Пеце Здравковски и Бојан Соклевски;
- Алек (Копање, 2018), автор: Кристијан Винклер, режисер: Ивица Димитријевиќ;
- Алек (Перфекционист, 2017, краткометражен филм), автори: Оливера и Александар Андоноски, режисер: Александар Андоноски;
- Прогонувач (The Case, 2016), режисер: Ивица Димитријевиќ;
- Црна (Помеѓу, 2013), режисер: Владимир Митревски;
- Келнерот (Ова не е американски филм, 2011), режисер: Сашо Павловски.
Награди
Награда „Трајко Чоревски“ за млад актер на 50. издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, 2015 г., за улогата на Орест во претставата „Електра“, а во режија на Андриј Жолдак.
Дополнителни информации
ТВ – серии:
- Мишо Развигоров (Тврдокорни, 2014), режисер: Миле Гроздановски;
- (Народни приказни, 2010).
Дипломски изведби:
- (Помеѓу), краткометражен филм во режија на Владимир Митревски – Ѓуле;
- (On our way home), краткометражен филм во режија на Дина Дума;
- Моцарт (Aмадеус), автор: Питер Шефнер, режисер Андреј Цветановски;
- Иван (Арт), автор: Јасмина Реза, режисер: Ирена Стеријоска.
Студентски изведби по актерска игра:
- Иван Василевич-Ломов, Лука (прва изведба ), Лука ( втора изведба);
- (Понуда за брак), (Мечка), автор: Антон Павлович Чехов;
- Драмскиот писател (Сината соба), автор: Дејвид Хер;
- Естрагон, Клоу, Протагонист (Плеј Бекет), автор: Семјуел Бекет (фрагментална изведба);
- Јаго (Отело), автор: Вилијам Шекспир (фрагментална изведба);
Испити по театарска режија (фрагментални изведби):
- Жан (Госпогица Јулија), автор: Август Стринберг, режисер: Билјана Колевска;
- Шамраев (Галеб), автор: Антон Павлович Чехов, режисер: Кузман Клековски;
- Макбет (Макбет), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Ана Алексовска;
- Хамлет (Хамлет), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Хана Миленковска;
- Бенедикт, (Многу врева за ништо) , автор: Вилијам Шекспир, режисер: Тони Зенговски;
- Филинт (Мизантроп), автор: Жан Батист Молиер, режисер: Ирена Стеријоска;
- Хирон Луциј (Тит Андроник), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Кузман Клековски;
- Оргон (Вообразен болен), автор: Жан Батист Молиер, режисер: Кузман Клековски.
Останато:
Стекнал способности во: цртање, вајање глина, свирење клавир, гитара и усна хармоника, практикува и капуера (бразилска боречка вештина со специфичен танц и музика).