Сценски спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето“ Made in МNT, од истакнатиот режисер Дејан Пројковски. Во оваа претстава ќе се доживее спојот на минатото и сегашноста преку клучните вредности на Македонскиот народен театар – љубов, умeтничка храброст, посветеност, визија, тимска работа, чување на традицијата и создавање нови вредности за иднината.
Претставата ќе претставува аудиовизуелно патување низ македонската драматургија, поезија, проза и ликовна уметност. Емотивна приказна посветена на сите големи актери, режисери, драматурзи, но и на сите оние луѓе кои се позади кулисите и помагаат во создавањето на сценскиот универзум во МНТ. Во претставата ќе учествува огромна актерска екипа од ансамблот на Македонскиот народен театар, соло пејачи, воздушни акробати и балетски играчи.
Публиката ќе биде на едно големо патување во театарот на сонцето.
Овој голем сценски спектакл ќе спои повеќе изразни средства со посебен акцент на воздушната акробатика и 3Д-видеомапингот. Идејата е преку создавањето на мултимедијални сцени на оригинален начин пред сѐ преку силно визуелен израз да се раскаже за 80- годишното театарско постоење на МНТ.
Во спектаклот учествува огромна актерска екипа од ансамблот на Македонскиот народен театар, соло пејачи, воздушни акробати и балетски играчи.