Драматург: Викторија Рангелова-Петровска Костимограф: Роза Трајческа-Ристовска Сценографијата и изборот на музиката се на: Васил Христов Претставата се работи во копродукција на Вондерленд театар – Скопје и Македонскиот народен театар
Премиерна изведба:Вторник, 03 Јуни 2025
Времетраење:120 минути
Пауза:Не
Сцена:Голема
Претставата „Кататонија“ нè соочува со суровоста на современото општество, преку екстремни ситуации и ликови фрлени на маргините на општеството. Преку 24 различни приказни и голем број различни ликови, се проблематизираат прашања поврзани со патријархатот, правосудниот систем, соочувањето со кривичен прогон, одземена слобода, затворски услови, соочување со злосторство, личната трансформација при преиспитување на сопствената вина, личната трансформација при состојба на каење…
„Кататонија“ шокира со суровоста на ситуациите и дијалозите и бескрупулозно покажува со прст на системските аномалии. Јазикот на претставата е жесток, суров, но реален. Драмското писмо на Алис Бирч претставува продолжение на епохата на Сара Кејн, Марк Рејвенхил, Керил Черчил и други претставници на „ин јор фејс“ драматургијата, но погледнато од денешен агол.
Во надградената драмска предлошка во која секоја сцена останува засебна „приказна“, поврзаноста помеѓу сцените се насетува преку темите што ги обработува, некогаш преку реплика, некогаш преку зададена состојба и атмосфера , некогаш поради потребата да се надгради една или повеќе драмски ситуации, при драмските паузи или во она што го нема, а сепак е присутно.